Утрински Весник
Македонија

Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Патниците спасени од трагедија на австриската граница

112.jpg

Автобус со 77 македонски патници, кој тргнал на осмомартовско патување кон Будимпешта преку скопска туристичка агенција, бил исклучен од сообраќај на австриската граница поради техничка неисправност писува Сител.

Граничарите извршиле технички преглед, по што утврдиле дека автобусот не ги исполнува безбедносните стандарди. Додека возачот се обидувал да го паркира, осовините пукнале, што, според еден од патниците, сведочи за сериозната неисправност на возилото.


Патниците чекале четири часа на граница додека туристичката агенција не испратила нов автобус од Виена за да го продолжат патувањето. Тие изразија благодарност што проблемот бил откриен на време, бидејќи, како што велат, можело да дојде до голема трагедија доколку дефектот се појавел на автопат.

Патникот кој го пријавил случајот до надлежните институции и инспекторати сè уште не добил официјален одговор. Од туристичката агенција, пак, тврдат дека автобусот бил технички исправен при поаѓањето, но дека можно е дефектот да се случил за време на патувањето.

„Работиме со автобуски компании од цела Македонија и секогаш се уверуваме дека возилата имаат важечки технички преглед. Сепак, како и кај приватните возила, дефекти можат да се случат непредвидено. Штом ја добивме информацијата, веднаш ангажиравме друг автобус за да го продолжиме патувањето“, велат од агенцијата.

За да ги надоместат непријатностите, агенцијата го продолжила дневниот престој во Виена и им рефундирала 50% од парите платени за факултативни екскурзии.

Овој случај повторно ја отвори темата за безбедноста на автобускиот превоз во Македонија, потсетувајќи на трагичните несреќи со „Беса Транс“ и „Дурмо Турс“, каде што неисправни возила и пропусти во регулацијата доведоа до голем број жртви.

Можете да прочитате

Втор конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“

ИНРМ: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата

Влада: 1570 стипендии за учениците во дуалното образование