Утрински Весник
Свет

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија

20240801101108 Big 730x400 50.webp.webp

Погребната церемонија на Исмаил Ханије, убиениот лидер на политичкото крило на Хамас, започна рано утринава во главниот град на Иран, Техеран.

Погребната молитва (џеназа-намаз) ја водеше врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Тој се молеше пред ковчегот на Ханије во Техеранскиот универзитет, а до него стоеше новиот ирански претседател Масуд Пезешкиан. Државната телевизија прикажа снимки на кои ковчезите, поставени во камион, поминуваат низ улиците на Техеран кон плоштадот Азади, додека луѓе фрлаат цвеќиња кон нив.

На погребот присуствуваат голем број граѓани и официјални лица, меѓу кои и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

По погребната служба во Техеран, посмртните останки на Ханије ќе бидат пренесени во Катар за утрешното погребување.

Ханије беше во Техеран за да присуствува на церемонијата за инаугурација на Пезешкијан. На снимки од настанот се гледа како лидерот на Хамас седи до лидери на воените групи исламски џихад и Хезболах и се прегрнува со Пезешкијан, а се сретна и со Хамнеи.

Неколку часа подоцна, Ханије, заедно со негов телохранител, беше убиен во воздушен напад врз неговата резиденција во Техеран. Иранските власти изјавија дека го истражуваат нападот, но засега не даваат детали. Техеран и Хамас го обвинија Израел за нападот.

Израелските власти претходно се заколнаа дека ќе го ликвидираат Ханије, како и други лидери на Хамас по нападот на 7 октомври минатата година врз Јужен Израел, што предизвика војна во Газа. Нападот врз Ханије беше извршен неколку часа откако Израел целеше на висок командант на сојузникот на Иран, Хезболах, во главниот град на Либан, Бејрут.

Иран го поддржува Хамас, како и Хезболах и други палестински воени групи што се борат против Израел во Газа.

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Украина ги добила првите борбени авиони Ф-16 кои ги бараше со месеци, тврдат американски претставници