Утрински Весник
Македонија

Таткото на Фросина до Пандов: Ја враќате вербата дека државата конечно функционира

Frosina.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тодор Кулаков, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова од Неготино се заблагодари на раководството на затворот „Скопје“ и на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов за брзата реакција откако се објавија фотографии како 20-годишниот Васил Јованов кој ја прегази Фросина, во притвор има мобилен телефон.

Таткото на Фросина во име на семејството, преку Фејсбук му се заблагодари на Пандов:


„Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“.

Можете да прочитате

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ