Утрински Весник
Балкан

Таткото на Данка додека ја барал ќерката го запрел автомобилот на осомничените за убиството

Danka 1.jpg
Dik 300x250 mk

Министерот за полиција на Србија Братислав Гашиќ денеска на вонредна прес-конференција во врска со убиството на Данка Илиќ рече дека таткото на убиеното девојче го запрел автомобилот со убијците.

Тој рече дека таткото на исчезнатата Данка се приближил до автомобилот, по нејзиното исчезнување, бидејќи видел луѓе во него.

Потоа ги прашал дали ја виделе Данка, луѓето рекоа дека не, а Данка беше во багажникот.

Гашиќ рече дека Данка кобниот ден се оддалечила од дворот и се движела по асфалтот.

„Околу 13 часот и 50 минути мајката видела бел автомобил и машки лик покрај возилото „фиат панда“ во кое се наоѓале осомничените. Тие рекоа дека биле на работна задача во Бањско поле, да ја проверат шахтата. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна било снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути. Возилото во кое биле С.Ј и Д.Д., било пред капијата околу 2 и пол минути, застанале бидејќи им требало тоалетот. Потоа тргнале и го удриле девојчето на 30-40 метри од местото на застанувањето“, изјави министерот Гашиќ.

Можете да прочитате

Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин

Во пожар во Малиќ, Албанија загинаа мајка и син, шестгодишно дете се бори за живот

Уште една сообраќајка со автобус во Србија – има загинати