Утрински Весник
Македонија

Таравари: Во „Вреди“ се подготвуваме за локални избори, понудив две опции за листите на советници

20250326195121 Big 730x400 21 1.webp.webp

Засега останувам да бидам министер за здравство, во коалицијата „Вреди“ се подготвуваме за локалните избори, изјави вечерва Арбен Таравари во интервју за Сител телевизија, демантирајќи ги информациите во дел од медимите дека ќе ја напушти партиската коалиција.

„Во Влен се подготвуваме за локалните избори, тоа е неспорно. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни“ рече тој.


Тој вечерва гостуваше и во Телма телевизија каде негираше дека побарал 40 отсто од градоначалниците на локалните избори да бидат од Алијанса за Албанците и истакна дека понудил две опции за листите на советници.

„Не е точно, сум побарал листи за советници, за Влен зборувам, да бидат посебни, чисто да мотивираме што повеќе луѓе. Втора опција што сум побарал, трите партии од Влен да бидат заедно, ние да бидеме посебно. Чисто мислам дека ако ги ставиме сите партии на една листа ќе има револт зошто од оваа партија, зошто од таа партија, и затоа мислам што повеќе имиња имаме на листите за советници, толку повеќе ќе има мотивација кај членовите да лобираат и да бидат активни на изборите“рече Таравари.

Во врска со односите во „Вреди“, тој кажа дека како и во секоја коалиција има недоразбирања, но и конструктивност.

„Во секоја коалиција некогаш има недоразбирања и конструктивност, континуирнао работиме и се обидуваме да бидеме што покомпактни. Соработката во Влен е во ред, соработката меѓу партиите со премиерот е прекрасна“ порача Таравари, додавајќи дека наскоро Алијанса за Албанците ќе одржи Централно собрание на кое заедно со членовите на партијата ќе разговараат за можни опции за локалните избори.

Можете да прочитате

Скандал во Саат џамијата: Сарач обвинува за јазична дискриминација и игнорирање на турскиот јазик

Потресно сведоштво на Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд