Утрински Весник
Македонија

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Taravari 1024x661.png

Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во презентацијата на изборната програма на ВЛЕН рече дека оваа програма вреди и за луѓето и за програмата.

Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата. „Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата”, рече Таравари.

Таравари потенцира дека промената е неопходна, додека заедно со промената мора да се смени и Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

“Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и модерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници”, рече Таравари.

На крајот Таравари нагласи дека на 8ми мај на изборите има само една албанска опција а тоа е коалицијата ВЛЕН.

Можете да прочитате

Вработен во банка во Гевгелија влегувал во сметки на корисници и одзел скоро мет милиони денари и над 63.000 евра

Приказната за „Силјан Штркот“, која е дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, оживува и во нова сликовница

ВЛЕН: Блиските на Артан Груби тргнаа против ДУИ