Утрински Весник
Македонија

Таравари: Се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени да се враќаат од странство

Lekuvanje Vo Stranstvo Besplatno Domashno Lekuvanje Taravari 960x654 1.webp.webp

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на денешната изјава за медиумите информираше дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од странство, од кои 4 од Шпанија и еден од Грција, и веќе се зголемува бројот на пациенти кои се подготвени за враќање.

Добра вест е што се намалува бројот на пациенти што се лекуваат во странство. Во моментот се 113 пациенти, со тоа што вчера се врати еден пациент од Србија и една пациентка од Бугарија. Пациентите кои денеска се враќаат ќе бидат под 24-часовен надзор според протоколот, доколку конзилиумот од доктори одлучи дека треба да се пуштаат дома, ќе се пуштат на домашно лекување или ќе останат на лекување на некоја од клиниките. Најавени ни се уште 4 пациенти за враќање, но за тоа утре дополнително ќе информираме. До крај на денот во странство ќе продолжат со лекување 108 пациенти. Се надевам дека до крајот на неделата ќе имаме уште поголем број пациенти што ќе се вратат, порача министерот Таравари.


Во моментот во болниците во државава се лекуваат 23 пациенти, од кои 4 во Клинички центар (2 на пластична хирургија и 2 на токсикологија), 6 пациенти во Стара градска болница, 8 во ГОБ 9 Септември од кои еден е подготвен за испис, а во Систина се 4 пациенти. Сите овие пациенти се стабилни и во добра состојба.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции