Кандидатот за претседател на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари од Тетово денеска повтори дека на фракцијата во неговата партија Алијанса за Албанците ќе им даде печат за да направат листа, само за да не одат со ДУИ. Тој вели дека има постапка за тоа кој го има легитимитетот во партијата, а тврди дека некој прави притисок.
-Јас им кажав дека не би сакал да биде причина тоа што печатите не се кај нив јас можам и тврдам и стојам, ако сакаат и сами да излезат на избори. Нека ми ги донесат само листите јас ќе ги потпишам за да излезат сами, на крајот на краиштата граѓанинот е суверен и кажува кој колку вреди. Јас искрено не би посакал моите сопартијци да бидат на иста листа со Мендух Тачи и со Али Ахмети. Два пати се менуваат судии, два пати се изземаат судии, ми се чини бараат да им се падне судија кој што им одговара. Не знам зошто за судија што го зел предметот да барате изземање, не ми изгледа логично но според информации има страшни притисоци и во судот во Тетово. Едната судијка не била добра, но зошто и од втората се бара изземање, порача Таравари.
– Кандидатот за претседател на Коалицијата „Вреди“ , Арбен Таравари во Тетово одржа трибина на тема „Иселување на младите“.
Приврзаниците на Зијадин Села од Алијанса за Албанците преку соопштение ги осудија изјавите, за „граѓанскиот“ Устав и бришењето на етничките заедници од Уставот, кои според нив се промовирани од ВМРО-ДПМНЕ, а сега веќе пласирани од Арбен Таравари.