Утрински Весник
Македонија

Таравари: Партиските органи ќе одлучат за излегувањето од Владата, на Мицкоски лично ќе му објаснам

Taravari Bir Bb.jpg

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со  премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.


– Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари.

Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Можете да прочитате

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата

Денеска 25 април 2026 година се празнува Преподобен Василиј Исповедник