Утрински Весник
Македонија

Таравари: Не сум информиран за недостиг на лекови на онкологија

Taravari 1 April.jpeg

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Гостивар изјави дека нема информација за недостиг на лекови во медицинските установи, ниту во оноколошката клиника. На утринскиот брифинг, како што потенцира, не бил пријавен проблем.

– Јас моментално немам информација дека има недостаток на некаков лек на онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин, два дена недостасуваше, меѓутоа потпишавме анекс со компанијата што снабдува и тоа е решено. Во моментов, јас колку што знам, немаше проблем и колку што сум информиран на утринскиот брифинг со тимот кој го имавме во МЗ, немаше ваков проблем – изјави министерот Таравари, по работната посета на општа болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.


На прашањето на новинарите околу постапката за прием на нови специјализанти, тој кажа дека процедурата малку доцни заради ситуацијата што настана со трагичниот настан во Кочани.

– Во некои болници течат и огласите за специјализација. Во Гостивар се 12. Идната недела ќе тестираме околу 250 специјализанти. Распишани се стотина огласи во здравството и за сестри, болничари и за специјализанти. Малку задоцнивме, требаше порано, но случајот во Кочани малку го пролонгираше и се надевам до крај на месецот да заврши – рече Таравари по посетата на општата болница во Гостивар.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите