Утрински Весник
Македонија

Таравари не подлегна на понудите на Касами, Мицкоски и Курти

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари не подлегна на притисоците и понудите на албанската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на Косово да биде претседателски кандидат на опозицијата.

Во изјава за МИА, Таравари откри дека опозицијата разговарало со него за да биде претседателски кандидат, но тој им кажал дека не е заинтересиран.

Претходно, во изјава за косовската национална телевизија, претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами изјави дека е разговарано Таравари да биде кандидат за претсдател и рече дека тој се сметал за соодветен кандидат Албанец.

Ваквата негова изјава, сепак беше дементирана веднаш од Таравари, кој со ова го откачува опозицискиот блок и покажува дека тој и неговата партија се насочени кон Европскиот фронт и европската иднина на земјата.

Можете да прочитате

Синоќа во Битола и битолско казнети 18 пијани возачи

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС и ДУИ како малку да им беше што го уништија стандардот на граѓаните, па во заминување ги зголемуваат цените во Катастар и до 300%

СДСМ: Поголеми плати во новиот мандат, 1.000 евра просечна и 600 евра минимална плата