Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Таравари и Клековски им посакаа успех и среќа на специјализанти, 89 кандидати за вработување во 13 клиники на Клинички

Klinicki Centar 800x600 1.jpg
Img 7972

Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски попладнево им посакаа успех и среќа на специјализанти пред почетокот на нивното тестирање за вработување.

– Втора седница на Влада минатата година донесовме одлука проблемот со приватните специјализанти да се реши. Вкупно беа 600 специјализанти, на апликацијата аплицираа 584 приватни специјализанти. Денеска веќе започнува процедурата, конкурсите се отворени во повеќето болници. Конкретно, бевме во амфитеатарот на Имунологија, 89 кандидати за вработување, приватни специјализанти, коишто ќе се вработат во 13 клиники во Клинички центар. Во понеделник продолжува тестирањето за Тетово и за Гостивар и следните денови идната недела продолжува тестирањето за првите 300 специјализанти, така да, решаваме еден долгогодишен проблем, појасни министерот во изјава за медиуми.


Тој повтори дека има недостиг на кадар во повеќето болници и клиники низ државава.

За првата група од 300 лица, изрази надеж дека со тестирања и интервјуа ќе заврши до крајот на идната недела, потоа комисии ќе утврдуваат кои кандидати ги исполнуваат условите, па ќе се земаат решенија за работа. Останатите, помалку од 300, како што најави министерот, остануваат за кон крајот на годината – во ноември.

– Им посакавме среќа на специјализантите, сите да поминат и да се вработат, рече Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Клековски кажа дека се работи на решавање на работниот однос на договорците со цело во здравството.

– Процесот се одолговлечи бидејќи мораше да се запазат сите законски процедури, одговори Клековски на новинарско прашање.

Можете да прочитате

Божиновска: Владата нема толеранција за незаконско експлоатирање – Концесијата за „Пискупштина“ во Струга еднострано раскината

Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

„Реално“ со Марко и д-р Трајановски: Како што сум посветен на пациентите, така ќе се посветам и на Аеродром