Утрински Весник
Македонија

Се предаде екс директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами

Bir Alt Baslik Ekleyin 3.jpg

Екс директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, утринава се предал по што бил уапсен од страна на полицијата.

Тој, повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот.

Бајрами, кој е осомничен за проневера и злоупотреба на службената положба во случајот со Државна лотарија, сам се пријавил кај надлежните органи.

По Бајрами беше распишна меѓународна потерница. Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби се меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. 

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“