Утрински Весник
Македонија

Тачи: ДПА ќе потпише коалициски договор со ДУИ

Picture 1114 660x430 1.jpg
Ss2

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник. Договорот, како што вели, е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години. Лидерот на ДПА посочува дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има  и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку  здруженија. -Денеска со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан в понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. В понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и неколку здруженија, рече Тачи во вчерашното гостување во емисијата Дебат плус на Клан Македонија. 

Ss1

Можете да прочитате

ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај

Филипче продолжува со активностите на терен: Јас никогаш не се откажувам

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година