Утрински Весник
Свет

Тајван го лансираше првиот ТВ канал на англиски јазик: Приказните за нас треба да се споделат со светот

Тајван го лансираше првиот ТВ канал на англиски јазик: Приказните за нас треба да се споделат со светот

Тајван денеска го лансираше својот прв телевизиски канал за вести, начин на живот и забава на англиски јазик.

dobivaj vesti na viber

Телевизискиот канал Тајван Плус, поддржан од владата, започна минатата година како претежно онлајн платформа за стриминг и има силна поддршка од претседателката Цаи Инг-вен, објави „Ројтерс“. Таа на церемонијата на лансирање рече дека ТВ каналот веќе го подигнал меѓународниот профил на Тајван и ќе му помогне на островот да воспостави сè поблиски врски со „земјите кои ги споделуваат нивните основни вредности на слободата и демократијата“.

„ Приказните за Тајван треба да се споделат со светот. Имајќи предвид дека се повеќе луѓе ширум светот се заинтересирани за Тајван, поважно е од кога било да имаме платформа да го донесеме Тајван на меѓународната заедница“ рече Цаи.

Министерот за култура Ли Јунг-те им рече на новинарите дека Тајван треба да може да се справи со она што Кина го вели за островот и да ја истакне позицијата на Тајван.

„ Нашиот глас не се слушна целосно на меѓународно ниво. Кина постојано го промовира ставот дека Тајван е дел од Кина и многу луѓе веруваат во тоа. Им велите дека не е така, а тие прашуваат зошто“ изјави Ли.

Тој додаде дека во иднина ќе ги користат тајванските медиуми за да и објаснат на меѓународната заедница зошто тоа не е така.

Телевизискиот канал во моментов е достапен само во Тајван, но Ли рече дека планираат да започнат со емитување и во САД во следните шест месеци. Тајван веќе има неколку локални медиуми на англиски јазик, од кои најистакнат е Тајпеј Тајмс, основан во 1999 година.

Можете да прочитате

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени

САД испраќа „Патриот“ во Украина, потврди Трамп

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак