Утрински Весник
Македонија

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево

Image 2026 08 22 190234319.png

Денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари.

Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите.

Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.

Можете да прочитате

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон