Утрински Весник
Свет

Сведоштво за најновиот земјотрес во Турција: Земјата ни се лизгаше под нозете, се тресевме неверојатно

Сведоштво за најновиот земјотрес во Турција: Земјата ни се лизгаше под нозете, се тресевме неверојатно

Турската сеизмолошка служба соопшти дека во 20:04 часот по локално време имало земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во областа Дефне, во Хатај. Додаваат дека во 20 часот и 7 минути се случил уште еден последователен потрес со јачина од 5,8 степени, чиј епицентар бил областа Самандаг, во Хатај.

dobivaj vesti na viber

Новинарката на Си-Ен-Ен Турк, Бусе Девирен со солзи го опиша земјотресот.

„Земјата ни се лизгаше од под нозете. Се тресевме неверојатно. Беше неверојатно голем земјотрес. Не беше како последователни потреси“, рече таа.

ЕМСЦ известува дека земјотресот бил почувствуван во Турција, Либан, Сирија, Кипар и Израел.

Во разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја потресе истата област на 6 февруари, 41.000 луѓе загинаа во Турција и околу 6.000 во Сирија, а повеќе од еден милион луѓе останаа без покрив над главата.

 

Можете да прочитате

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот