Утрински Весник
Македонија

Сведоштво на сосед на Битиќи: Бутелчани ја препознаваат неговата перфекција

Biti Iforum.jpg

Коментирајќи ги листите за пратеници на СДСМ, активистот Борче Трајковски на социјалните мрежи излезе со сведоштво, за еден од носителите на листата и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.

„Овој пат два три збора за Фатмир Битиќи. Неговата втора позиција во изборната единица 2, според мене има тежина на носител на листата, и токму во него ја гледам победата во оваа изборна единица. Соседи сме во Бутел, па иако немало прилика да се сретнеме и помуабетиме, тоа го правам на друг посреден начин. Покрај тоа што можеме да го сознаеме по неговите јавни настапи, како, меката но стабилна интонација во говорот, одличните елаборации на темите кои ги пласира или брани на јавна сцена со што ја потврдува набилданоста со знаење, зрачи со комплетна елоквентност, потоа, речиси совршениот стајлинг и гестикулации, со елеганција во скромноста, бутелчани ја препознаваат неговата перфекција, и онаа на членовите на неговото семејство, и по неколку други работи. Ќе кажам за мене, а верувам дека многумина ќе се согласат. На пример, нема шанси да поминам покрај неговата куќа, а да не подзастанам и да се восхитувам на перфекцијата во изборот на архитектонското решение на мал простор, како и грижливо уреденото дворче. Од надвор и дворот и куќата зрачат со модерен домаќинлук, со грижа и убавина. и кажуваат многу за домаќините. Не зборуваме за хациенда со високи бедеми, туку за семејна куќа, за која најсоодветната реакција е онаа која секогаш ја разменуваме со Тања, “види ја, ко кутивче, браво за домаќините“. И според овие показатели Фатмир Битиќи се покажува како позитивна личност, па заедно со неговата стручност, ја комплетира сликата за карактерот за себе, а од мене, како Венко, Сања, Славјанка и Бојан, и Фатмир ја добива целосната подршка, и не се сомневам дека ќе успеат, дека ќе победат…“ вели Трајковски во својата објава.

Можете да прочитате

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година