Утрински Весник
Македонија

Свечено затворен ЕМОФ 2025 – 24info.mk

Vtor den emof skopje 2025 2.jpg

Со присуство на спортистите учесници на платото пред СЦ „Јане Сандански“ вечерва во Скопје е затворен Европскиот младински олимписки фестивал 2025.

На присутните им се обрати претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски кој изрази надеж дека многу од спортистите кои настапија во Скопје и Куманово, ќе бидат идни спортски ѕвезди.


– Вие сте иднината и сегашноста. Се заблагодарувам за вашата посветеност и прекрасна изведба. Многу сум благодарен што го овозможивте овој настан. Поставивте многу олимписки, светски, европски и лични рекорди и сето ова ќе биде запишано во историјата на ЕМОФ Скопје. Македонија е мала земја, но со големо срце, истакна Димевски.

Претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос им се заблагодари на сите вклучени во организацијата на ЕМОФ.

-Со длабока емоција можам да кажам дека направивте се. Вашите перформанси беа гледани ширум Европа. Благодарност до сите 4000 спортисти кои учествуваа во 15 спортови. Но покажавте дека не ви е важна само победата, туку и почитта кон противникот. Многу од вас во иднина ќе бидат Олимпијци. Благодарност до сит ево организацијата, особено до волонтерите кои целосно беа ставени во функција на спортистите. Го прогласувам ЕМОФ 2025 за затворен рече Капралос.

Домаќин на следниот, 19-ти ЕМОФ ќе биде Италија која со 50 медали, од кои 19 златни беше најуспешна на Фестивалот во Македонија.

Можете да прочитате

„Ние на гробовите фрламе вода, тие со децата на одмор“ – гнев и тага на родителите од Кочани

Тошковски од Охрид: Преку средбите и дружењата на граѓаните со полицијата создаваме цврста нишка на меѓусебна доверба

ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни