Утрински Весник
Македонија

Судскиот совет му го одзема имунитетот на врховниот судија Георгиев и одобри негов притвор

20240426155023 Big 730x400 52.webp.webp
Dik 300x250 mk

Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната седница на полноќ му го одзема имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција.

Како што соопштија од Судскиот совет, на 487-та итна седница одржана на ден 21 мај 2024 година, Советот расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија.

-Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка.

Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка, се наведува во соопштението.

Георгиев вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а како што соопшти полицијата,  бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело. 

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со професорите Мартиновски и Конески

М-НАВ ангажира адвокати по 12.000 денари на час или 9.600 евра само за 48 часа

Таравари: Албанската опозиција доби над 25% повеќе гласови од ВЛЕН