Утрински Весник
Македонија

Судот го забрани штрајкот на синдикатот на М-НАВ

Mnav.png

М-НАВ АД Скопје ја информира јавноста дека основниот граѓански суд Скопје на 16.10.2025 година донесе решение со кое се УСВОЈУВА предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка – ЗАБРАНА на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ-подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје.

Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои , како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос.


М-НАВ АД Скопје го поздравува решението на Судот и ја нагласува својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут

Митева: Разговор меѓу премиер и обвинител е нормален, не и договарање предмети

Митева: Нема предвремени избори, а СДСМ нека се подготви за нов дебакл