Утрински Весник
Македонија

Судот го оддалечи Палчо од рочиштето за Кешишев да ја зборувал вистината

20250401203539 Big 730x400 18.webp.webp

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжи со распитот на Влатко Кешишев, но претходно неговиот адвокат Игор Ефремов побара Љупчо Палевски да биде отстранет од судницата. Според адвокатот, Кешишев не би ја зборувал вистината во присуство на Палевски, тврдејќи дека претходно бил принуден да препише и потпише изјава дадена од Палевски.

„Сметам дека со ова е извршено влијание врз исказот на Кешишев и затоа неговиот страв е оправдан дека нема да ја зборува вистината во негово присуство“, изјави адвокатот Ефремов.


Адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски, се спротивстави на барањето, нарекувајќи го „драма и сцена“ и нагласувајќи дека Палевски треба да има право да поставува прашања и да води белешки.

„Судот не треба да попушти на вакви блефирања пред јавноста“, рече Страшевски.

Палевски, пак, одби тврдењата дека влијаел врз исказите и побара да остане во судницата, истакнувајќи дека никогаш не бил укорен за прекинување на сведочења.

„Ова е вторпат да изнесува лаги без да приложи доказ дека јас сум давал писма-изјави што треба да се препишат. Може и да си биде свртен со грб кон мене, ама ми е важно да го слушнам“, изјави Палевски.

На крајот, судијата одлучи Палевски да биде отстранет од судницата, со образложение дека постои сомнеж дека Кешишев нема да даде искрен исказ во негово присуство.

Можете да прочитате

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица

Велигденско послание на г.г. Стефан: Трагедијата во Кочани не сплоти во тага и во молитви за настраданите