Утрински Весник
Македонија

Електронскиот индекс станува реалност за студентите на УКИМ

Indeks.webp.webp

Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) успеа да иницира значајна измена во Правилникот за содржината и формата на дипломата, што овозможува конечно воведување на електронскиот индекс.

По нивното барање до Министерството за образование и наука, се отвори патот за дигитализација на академската администрација, што ќе им овозможи на студентите поефикасен и транспарентен систем, ослободен од долгите редици пред студентските служби и застарените хартиени индекси.


Оваа иницијатива е дел од поширокиот процес на дигитализација, кој е приоритет и за Националното студентско тело. Под менторство на Бојан Кордалов и со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер, во рамки на проектот „Практикувај демократија“, беше спроведено истражување за состојбата на дигитализацијата во високото образование и подготвен акциски план.

Следниот чекор е потпишување на меморандум за соработка помеѓу Националното студентско тело, Интеруниверзитетската конференција на РСМ, Клубот за младински прашања и политики, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука.

Од УСС-УКИМ порачаа дека ќе продолжат со напорите за модернизација на академските процеси, а воведувањето на електронскиот индекс е значаен чекор кон поедноставена и поефикасна студентска администрација.

Можете да прочитате

Левица: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Министерството за култура и туризам формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи во Македонија