Утрински Весник
Спорт

Судир на световите – Ѓоковиќ против Алкараз, во мечот на годината во Париз

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Помина долго време откако Новак Ѓоковиќ не бил во подредена позиција на еден гренслем турнир. Во полуфиналето на Ролан Гарос, тој го брка рекордниот 23. гренслем трофеј, но против себе го има светскиот тенисер број еден.

dobivaj vesti na viber

Не може да се каже дека е аутсајдер, но целокупната слика кога ќе се земе в предвид, јасно е дека на 20-годишниот тенисер од Мурсија му се даваат поголеми шанси за победа.

Теренот е единственото мерило, а на него и двајцата покажаа многу во претходните десет дена во Париз.

Двајцата загубија само по еден сет против досегашните конкуренти, Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето против Карен Хачанов, а Карлос Алкараз во второто коло против Тар Даниел.

Ѓоковиќ ги победи и Александар Ковачевиќ, Мартон Фучович, Алехандро Давидовиќ Фокина и Хуан Пабло Варилјас.

Од друга страна, Алкараз ги победи Флавио Коболи, Денис Шаповалов, Лоренцо Музети и Стефанос Циципас, а во последниот дуел беше особено доминантен.

Импресивните податоци велат дека ова ќе биде 45. полуфинале на Новак Ѓоковиќ на гренслем турнирите. Ова ќе биде само вторпат за Алкараз на гренслем да се најде меѓу најдобрите четири играчи. Единствениот пат кога стигна толку далеку беше на УС Опен минатата сезона, кога го освои трофејот.

Речиси во сите анализи и коментари е нагласена главната предност на Новак Ѓоковиќ во овој дуел, а тоа е искуството. Лесно е да се каже, но овојпат преку мрежата е Карлос Алкараз, момче кое покажа подготвеност, физичка и психичка, игра, форма, самодоверба.

„Луѓе, тоа е Новак, тој секогаш може да вклучи во поголема брзина. Морам да го издржам неговиот ритам, тој е одличен играч, сите го знаат тоа, еден од најдобрите во историјата, одиграл милион натпревари. Сите видовме дека има одредено ниво на кое делува непобедливо. Не можам да кажам дека ќе падне поради мојот ритам или нешто слично. Мислам дека ќе биде неизвесен меч, ќе се обидам да го диктирам темпото и да ја играм мојата игра, но играјќи против Новак ќе биди компликувано да играм како што јас сакам“, изјави Алкараз по победата над Циципас.

Новак и Карлос лани го одиграа единствениот меч во полуфиналето на Мадрид и истиот заврши по три сета. Тој дуел траеше повеќе од три и пол часа и беше решен по тај-брејк во решавачкиот сет, а славеше Алкараз со 2:1.

 

Можете да прочитате

Вардар се засили и со Димитар Тодоровски

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во ЛШ

Томпсон се искачи на петтото место во историјата на НБА во постигнати тројки