Утрински Весник
Македонија

Судијката Добрила Кацарска се пензионира

Kacarska.png

Во Собранието стигнал допис дека на судијката Добрила Кацарска и престанал судискиот статус поради пензионирање, потврдуваат од Собранието за ТВ 24.

Дека таков допис е пратен за известување за тв 24 потврдува и претседателката на судскиот совет Весна Дамева.

„Испратен е допис до Собранието за известување дека на судијата Добрила Кацарска и е престаннат судискиот статус во Основен суд Скопје 1, по основ на пензионирање и во прилог е доставено и решението за пензионирање, вели Дамева за ТВ 24.

Тв 24 повикувајќи се на извори пишува дека планот на мнозинството е поради оваа причина да биде разрешена Кацарска.

Од Уставен суд за тв 24 велат дека во отсуство на официјални информации за било каква иницијатива за престанок на мандат на судија на Уставниот суд нема да дава коментари. „Во Уставот во член 111 став 4 јасно се уредени основите за престанок на функција на уставен судија“, велат од Уставен суд

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите