Утрински Весник
Македонија

Судијката Даниела Димовска е сестра на еден од обвинетите за случајот со „Пулс“ 

Puls.webp.webp

Објавена е првата анализа во рамки на ,,Индекс за политички интегритет” која ја адресира одговорноста на в.д претседателката на Основниот кривичен суд Скопје Даниела Димовска. Анализата е објавена од страна на форумот за разумни политики.Анализата доделува негативна вредност во категоријата етичка култура поради поврзаноста на Димовска со случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Димовска е сестра на Драган Паунов, инспектор во УЈП и еден од обвинетите во овој случај. Според Форумот, нејзиното останување на челната функција во најголемиот кривичен суд во државата директно го загрозува интегритетот на судството. Постојат сериозни индиции за конфликт на интереси, бидејќи како претпоставена на судиите што треба да го судат случајот, таа има потенцијална моќ да влијае врз исходот.

Форумот за разумни политики бара повлекување на в.д. претседателката на Кривичниот суд Скопје.

Исто така Форумот упати јавна препорака до Судскиот совет итно да отвори предмет за заштита на довербата на граѓаните во правдата.

Можете да прочитате

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Циклон од Турција ни носи силно невреме

Алиу: Владината реконструкција е доказ дека нема да има предвремени избори

Сали: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е тешка политичка одлука