Утрински Весник
Македонија

“Судијата Ферати постапил исклучиво согласно пропишаните законски норми за случајот со Теодора“, велат од Подружницата на Здружение на судии при Суд Тетово

20250410091306 big 730x400 90.webp.webp

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое се вели дека судијката Верка Костовска која го судеше првото судење, а моментално е во пензија, како и Ељведин Ферати постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми во случајот со загинувањето на 22-годишната Теодора Ристовска.

„Судијата при одмерување на казната за обвинетиот ги имал во предвид како отежнувачките така и олеснувачките околностите, и тоа: начинот на кој е сторено кривичното дело, кривичната одговорност на обвинетиот, неговиот однос во судницата, околностите поврзани за видот, карактерот, тежината и сериозноста на кривичното дело, условите на патот, околноста дека покојната коловозот го поминувала на обележан пешачки премин, штетните последици кои настанале како резултат на инкримираното дејствие, околноста дека законските застапници на покојната се приклучиле кон кривичен прогон и истакнале имотно правно барање, околноста дека обвинетиот признал вина, изразил жалење за настанот, дека порано обвинетиот не бил осудуван и не се води постапка за друго кривично дело.


Ценејќи ги сите околности, судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо (Reformatio in peius) како начело предвидено во ЗКП, во ситуација кога по барање на обвинетиот Врховниот суд ги укинал пресудите и предметот го вратил на првостепениот суд на повторно одлучување и поради оваа забрана новата пресудата не смее да се измени на штета на обвинетиот ниту во однос на правната квалификација на делото, ниту во однос на кривичната санкција.

Од погоре изнесеното јасно може да се утврди дека судиите на Основниот суд Тетово постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми и поради тоа АПЕЛИРАМЕ до сите чинители во општеството, да се воздржат од неоправдани коментари, и да не се користи ова пресуда за неосновани напади на судиите, стигматизирање и јавен линч на судиите кои постапувале во конкретниот предмет, заради постигнување на други цели, бидејќи на тој начин се нарушува угледот на судиите, се задира во независноста на судството и се повредува функсионирањето на владеењето на правото како основна демократска придобивка“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Распишан е оглас за избор на судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски