Утрински Весник
Македонија

Студентското собрание при УКИМ бара средба со министерот Николоски за проблемот со меѓуградскиот транспорт

Ukim.webp.webp

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска соопшти дека поднеле уште две барања до Владата во врска со нивните напори за подобрување на студентскиот стандард и бараат средба со министерот за транспорт Александар Николоски.

-Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, макотрпно се бори за подобрување на многубројните студентски животи во нашата земја, а еден од главните чекори е притискање на државните органи да ги исполнат ветувањата кои висат во воздух со години. Покрај досегашните барања за коишто ве информиравме, штотуку поднесовме и две нови, и тоа: Барање за средба со Александар Николоски, актуелен министер за транспорт и врски со цел претставување на предлози за заеднички активности со цел подобрување на условите за транспорт, особено меѓуградскиот транспорт кој за време на Ковид-19 пандемијата неконтролирано ги крена цените, а тие останаа до ден денес – и фигурираат како уште еден дополнителен висок трошок за студентското тело од кое најголем дел студира и живее надвор од родното место, наведуваат од студентската организација. 

Второто барање, како што наведуваат, се однесува за конечно исполнување на ветената мерка за ваучер за туризам.

-Оваа мерка беше ветена кон крајот на 2023 година и за неа биле предвидени 64 милиони денари, а сѐ уште не е исполнета. Апелиравме што побргу да се оствари, стои во соопштението од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.

Во декември лани, министерот за економија во претходната Влада, Крешник Бектеши, на средба со студентите најави нова мерка за ваучери за студенти која имаше цел и да се поттикне домашниот туризам за што биле предвидени 64 милиони денари. Со мерката првично требаше да бидат опфатени околу три до четири илјади студенти од државните универзитети, а вредноста на ваучерот да се движи од 300 до 400 евра по студент. 

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор