Утрински Весник
Балкан

Студентите во Србија не се откажуваат, блокирани се 33 државни факултети

20241210083222 Big 730x400 1.webp.webp

Вкупно 33 факултета во Србија се блокирани, јавија српските медиуми.

Во Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац блокирани се вкупно 33 факултети, а студентските протести како лавина се шират и секој ден се се поголеми, јави ТВ Нова.  

Студентите на факултет низ Србија деноноќно протестираат барајќи одговорност за жртвите од трагедијата во Нови Сад и објавување на комплетната документација за реконструкција на железничката станица.

Протестите започнаа на Факултетот за драмски уметности на 25 ноември, откако студентите и професорите  блокираа булевар за време на петнаесетминутниот молк за да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад, кога беа нападнати од насилници, кои подоцна беа поврзани со владејачката партија – СНС. По инцидентите студентите ја блокираа зградата на ФДУ и оттогаш меѓу другото бараат и кривично гонење на напаѓачите.

Деканатот на тој факултет ги поддржа своите студенти.

Студентите од тие факултети низ Србија секој петок во 11:52 часот застануваат и молчат по 15 минути, во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Нови Сад. 

Блокадите на факултите започнаа откако насилници ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности со кои сега се солидаризираа нивите колеги. Тие се единствени и во барањата – да се гонат одговорните за падот на настрешницата, како и напаѓачите на студентите, а приведените учесници на протестите да бидат ослободени.

Можете да прочитате

Адвокатите во Србија ја прекинаа работата

Проевропските партии во Романија ветија заедничка програма и кандидат за претседател

Бугарија може да го запре транзитот на рускиот гас кон Србија