Утрински Весник
Македонија

Студенти проверете дали добивте стипендија од МОН

02 Logo Mon V C Mk 4.png

Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус во земјава за академската 2023/2024 година, објавен во декември минатата година.

На веб-страницата на МОН се достапни листите со прифатени кандидати што ги исполнуваат условите во областа на општествените науки и во областа на техничко-технолошките и природно-математичките науки.

-Сите кандидати ќе добијат решение, а одбиените ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од страна на Министерството за образование и наука во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Кандидатите кои се прифатени дополнително ќе бидат известени за потпишување договор, објави МОН.

Листата можете да ја погледнете со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Скопјанка пријавила дека маж качен на скала ја гледал додека се пресоблекувала во бутик

ИЈЗ викендов ги анализира мострите од гостиварската вода

ЛДП: Заканите кон новинар се напад врз слободата на говорот