Утрински Весник
Македонија

Стружанец запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, огнот се проширил

Pozar 1.jpg

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А. М. (43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Имено, на 8.9.2024, пријавениот на земјен пат во с. Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М. К., соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Почнува полагањето матура во августовскиот испитен рок

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична