Утрински Весник
Македонија

Стружанец со 2,56 промили алкохол предизвикал сообраќајка

Policija.webp.webp

На 18.07.2026 во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, лишен од слобода е Н.Б.(45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота” со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода.

При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта.


По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило”.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол