Утрински Весник
Спорт

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Screenshot 2024 05 02 134756.png

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим Лум на три кола пред крајот на шампионатот во трката за одбрана на титулата се реши за тренерска смена. Шпетим Дуро повеќе не е тренер на македонскиот шампион. Струга ја азгуби предноста и сега е на делба на ко-лидерското место со Шкендија и Шкупи со по 58 бода, откако нареди три порази на последните пет меча од кои два во низа. -ФК Струга ја информира јавноста дека ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. Со билатерален договор прекината соработката со тренерот Дуро. Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Шпетим Дуро за неговиот придонес во периодот додека ја водеше нашата екипа во државното првенство и европските натпреварувања, а воедно му посакуваме многу успеси во иднина, се вели во клупското соопштение.

Можете да прочитате

Едерсон сепак е посеризно повреден и ќе го нема на голот кај Манчестер сити на решавачките мечеви

Алегри експресно е казнет за циркусот кој го приреди во финалето од Купот на Италија

Е.Пелистер многу потешко го совлада Тиквеш и избори очеклувано финале во Купот на Македонија