Утрински Весник
Економија

Струјата за граѓаните нема да поскапи во наредните шест месеци, уверува министерот Бектеши

Струјата за граѓаните нема да поскапи во наредните шест месеци, уверува министерот Бектеши

За граѓаните, цената на струјата нема да поскапи во наредните шест месеци. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека во текот на јуни ќе се разговара за нов модел за струјата кога ќе биде решено и дали ДДВ-то за струјата ќе се врати на 18 %, но цената за граѓаните нема да се менува.

dobivaj vesti na viber

„Со Министерството за финансии и заедно со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови на енергетскиот совет во Владата во текот на јуни ќе разговараме за новиот модел. Јас од денес можам да им кажам на граѓаните дека тие нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, тоа сите заеднички ќе го дефинираме во склоп на енергетскиот совет. Граѓаните нема да плаќаат поголема цена на струјата од постојната за наредните шест месеци, значи од 1 јули, па до крајот на годината“, рече министерот Бектеши.

Тој уверува дека и ДДВ-то да се врати на 18 %, тоа нема да ги зголеми сметките на граѓаните, туку со новиот модел може и да ги намали. Регулаторната комисија за енергетика веќе имала анализи за тоа, но ќе бидат соопштени откога Владата ќе ги разгледа.

ДДВ-то на струјата од јули 2021 година беше намалено од 18 на 5 % за да се ублажат последиците од кризата. Оваа стапка важеше до декември 2022 година. Во јануари годинава ДДВ-то скокна на 10 %, стапка чија важност истекува на крајот на јуни. Владата во неколку наврати досега најави дека е можно враќање на ДДВ-то за струјата на 18 %, но конечната одлука ќе ја донесат во текот на следниот месец.

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат