Утрински Весник
Свет

Стравичен пожар проголта цел хотел во ски-центар во Турција – Шеесет и шест луѓе загинаа, над 50 се повредени

Pozar Vo Ski Centar Vo Turcija Foto X Printksrin.png

Шеесет и шест луѓе загинаа, а 51 лице е повредено од кои најмалку едно е во тешка состојба, во стравичен пожар во хотел во ски-центар во Турција.

Полицијата потврди дека пожарот избувнал три часа по полноќ на четвртиот кат од хотелот Гранд Картал во Карталкаја, во провинцијата Болу, во северозападна Турција. Во моментот на несреќата во хотелот престојувале 234 гости, речиси колку и максималниот капацитет на објектот, со оглед дека во тек е и зимски распуст.


Дел од повредените, во обид да се спасат, скокале од тераси и прозорци на собите, некои, пак, се обидувале да се спуштат на безбедно со чаршафи. Преживеаните гости истакнаа дека целосно недостасувале безбедносни мерки, нефункционални аларми за опасност и недостаток на протипожарни скалила за евакуација.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот