Утрински Весник
Свет

Страшните поплави во Малави однесоа 438 животи, се уште трае потрагата по преживеани

Страшните поплави во Малави однесоа 438 животи, се уште трае потрагата по преживеани

Во Малави, каде што поплавите однесоа цели села овој месец, загинаа најмалку 438 луѓе, а полицијата и војниците продолжуваат да трагаат по преживеани.

dobivaj vesti na viber

Од крајот на февруари тропскиот циклон „Фреди“ усмрти повеќе од 500 луѓе во Малави, Мозамбик и Мадагаскар. Силниот дожд ги отежнува спасувачките напори.

Странски авиони и чамци пристигнаа во Малави за да помогнат во операцијата за пребарување и спасување, изјавија полициски претставници, додавајќи дека првите бродови пристигнале од Замбија и Швајцарија и дека се очекува да пристигнат авиони и чамци од САД и југот на Африка.

Во четвртокот беше објавена помош за Малави од Велика Британија и Мозамбик. Светската програма за храна на Обединетите нации објави дека обезбедила помош во храна за Малави.

Големите поплави уништија обработливо земјиште непосредно пред жетвата, па на 3,8 милиони луѓе во Малави им е потребна помош во храна, соопшти агенцијата на ОН.

Малави е погоден и од високите цени на пченката и од најлошата епидемија на колера во последните децении.

Можете да прочитате

(Видео) Потресни сведоштва на украинските деца кои беа вратени од Русија

Пронајдени нови докази за убиството на малолетната Луиза во Германија, оружјето сѐ уште мистерија

Автомобил влетал во пешаци на аеродром во Германија, неколку лица повредени