Утрински Весник
Свет

Страшни бури во Пакистан и Авганистан, речиси 140 загинати

Baf329ae F143 49bd 904c 1b30d3922dd7.jpg

Бројот на загинати во невремето во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области се очекуваат нови поројни дождови. Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилниот дожд за овој период од годината.

Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во Авганистан околу 70 луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите низ целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за катастрофи.

Обилните врнежи од снег и дожд во последните месеци во Авганистан предизвикаа многу жртви и повредени по невообичаено блага зима. Екстремните временски настани како поплави и суши се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите.

Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на ефектите од климатските промени.

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk