Утрински Весник
Македонија

Битолчанец од балкон на Широк Сокак со воздушна пушка пукал во куче скитник

Bitola Shirok Sokak.jpg

Битолчанец од балконот на неговата куќа на Широк Сокак со воздушна пушка пукал кон куче скитник кое било на улицата, соопштија од Битолската полиција.

Настанот се случил вчера, а полицијата му ја одзела воздушната пушка.

-На 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на улицата „Широк Сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. ја одзеле воздушна пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава-соопштија од СВР Битола.

Можете да прочитате

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје

Латас до Костадинов: Поттикот за убиство извршено од друг е кривично дело