Утрински Весник
Спорт

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали

Download 5.jpg
Img 5587

Реал Мадрид го исфрли Манчестер Сити по изведувањето пенали и победи со 4:3 за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти ја откри драмата што се одвивала откако станало јасно дека победникот ќе се решава со изведување пенали.

„Четири или пет минути пред крајот почнувате да размислувате за пенали… Јас ставив пет во мојата глава… Џуд Белингем е добар изведувач, како и Лукас Васкез. Лука Модриќ изведува пенали, Начо има големо искуство и личност, Антонио Рудигер има топки…“, изјави Давиде Анчелоти, помошник тренер на Реал и син на Карло Анчелоти и продолжи:

Img 5587

„Ги напишав тие пет имиња и му ги покажав на Карл. Малку го променивме и излезе одлично…’

Сепак, не одеше се по планот на таткото и синот бидејќи некои играчи на Реал одбија да шутираат пенали! Што се случило откри Карло Анчелоти.

Пеналите се лотарија, но моите играчи имаа голема самодоверба и многумина сакаа да шутираат“, изјави Карло Анчелоти и додаде:

„Само Едер Милитао рече дека голманот Едерсон премногу добро го познава и дека не би било паметно да шутира. А Валверде ми кажа дека е многу уморен. Тој требаше да биде петтиот изведувач, но потоа наместо тоа го избравме Рудигер“.

И погодија затоа што Рудигер прв и кажа на Лунина каде ќе шутира Матео Ковачиќ, па голманот на „кралевите“ го спаси неговиот обид, а потоа германскиот стопер погоди за конечни 4:3, победа на Реал и пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Ss1

Можете да прочитате

Баерн Минхен и Ралф Рангник се во завршни преговри за испразнетото тренерско место

Модриќ урна рекорд стар 60 години

30 години од смртта на Аиртон Сена