Утрински Весник
Свет

Стотици училишта во Јапонија затворени поради дојави за бомби, полицијата трага по маж што ги испратил заканите

Стотици училишта во Јапонија затворени поради дојави за бомби, полицијата трага по маж што ги испратил заканите
300x250 (7)

Јапонската полиција почна потрага по лице што испратило закани за бомби на адреса на стотици училишта.

dobivaj vesti na viber

Поради дојавите за бомби, образовните институции мораа да бидат затворени на кратко. Заканите биле испратени преку факс-машини до средните училишта и универзитетите претходно оваа недела од телефонски број регистриран во Токио, објави Би-би-си.

Ss1

Во училиштата не се пронајдени експлозивни направи и нема извештаи за напад на ученици и вработени, соопшти полицијата.

Заканите за бомби се ретки во Јапонија, која е позната по ниската стапка на криминал. Првиот бран на закани почна во понеделникот, при што повеќе од 170 училишта добија закани за бомби во префектурата Саитама, соопштија официјални лица.

Локалните медиуми објавија дека во една порака пишувало дека се поставени 330 бомби, а во друга пишувало: „Поставив голема бомба“. Некои извештаи велат дека пораките барале компензација од 300.000 јени (2.320 долари) до три милиони јени (23.200 долари).

Во вторникот пораките дека учениците и наставниците ќе бидат убиени со рачно изработено оружје пристигнале од истиот број на адресите на средните училишта во разни префектури, вклучително и Осака, како и Саитама и Ибараки.

Поради заканите, многу училишта во Јапонија се затворени како мерка на претпазливост.

Факс-машините сè уште се широко користени во Јапонија.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

Почина бебето кое беше извлечено живо од утробата на мајката убиена во Газа