Утрински Весник
Економија

Стотици летови се откажани поради штрајк на пилотите во Германија

Стотици летови се откажани поради штрајк на пилотите во Германија
Dik 300x250 mk

Поради штрајк на пилотите на нискобуџетната германска авиокомпанија „Јуровингс“ откажани се околу 250 летови.

dobivaj vesti na viber

Подружницата на „Луфтханза“ објави дека околу половина од нејзините 500 дневни летови ќе бидат откажани, што ќе влијае на десетици илјади патници, пренесе АП. Германските аеродроми ќе бидат најтешко погодени, но и многу други, пред се во Стокхолм, Прага и Мајорка.

Синдикатот на пилотите најави штрајк откако пропаднаа разговорите со раководството за подобрување на работните услови. Пилотите бараат да се намали максималниот број на часови на летање.

Штрајковите во матичната компанија „Луфтханза“ завршија минатиот месец, откако авиокомпанијата и синдикатот постигнаа договор за платите за справување со ефектите од инфлацијата, потсетува американската агенција.

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто