Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Вратите на НАТО се отворени, алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев

Столтенберг: Вратите на НАТО се отворени, алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека вратите на НАТО се отворени, но дека алијансата ќе се фокусира на помагање на Киев.

dobivaj vesti na viber

„Секоја земја има право да си го дефинира својот пат. Вратите на НАТО се отворени, но алијансата ќе се концентрира на помагање на Киев“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО исто така смета дека мобилизацијата на поголем број војници и нелегалната анексија на делови од Украина претставува ескалација на руската војна во земјата.

„Овие акции претставуваат најсериозна ескалација на конфликтот откако Москва го почна конфликтот во Украина во февруари“, додаде Столтенберг.

„Путин мобилизира уште стотици илјади војници, се вклучи во неодговорно штракање со нуклеарна сабја и сега незаконски анектира повеќе украинска територија. Заедно ова претставува најсериозна ескалација од почетокот на војната“, рече Столтенберг на прес-конференцијата, пренесуваат странските медиуми.

Можете да прочитате

Поради топлотен бран затворени училишта низ Европа – температурите одат до 46°

Во Турција повеќе од 50.000 луѓе евакуирани поради шумски пожари

Силен земјотрес во Неапол – 24info.mk