Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Русија ќе започне голема офанзива напролет

Столтенберг: Русија ќе започне голема офанзива напролет

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира напролет.

dobivaj vesti na viber

„Русија сега се обидува да го ‘замрзне’ конфликтот, пред да започне поголема офанзива на пролет“, рече Столтенберг преку видеоврска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг рече дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Можете да прочитате

Штајнмаер предупреди: Екстремизмот ги загрозува демократијата и единството на Германија

Бразил денеска избира претседател: Лула и Флавио Болсонаро во трка за власт

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари