Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Путин не смее да победи

Столтенберг: Путин не смее да победи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека на Русија „не смее“ да и се дозволи да победи во војната со Украина и изрази загриженост поради можноста Кина да ја поддржи Москва во тој вооружен конфликт.

dobivaj vesti na viber

„Путин не смее да победи, тоа би било опасно за нашата безбедност и безбедноста на целиот свет“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулебa и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел.

Тој во седиштето на НАТО во Брисел посочи дека Западот не гледа никаков знак дека претседателот Путин се подготвува за мир. „Напротив. Денеска јасно кажа дека се подготвува за војна. Русија започнува нова офанзива, мобилизирајќи повеќе војници и посегнува кон Северна Кореја и Иран. Исто така, загрижени сме дека можеби Кина планира да ја поддржи руската војна“, додаде Столтенберг.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking