Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Освен ново оружје, на Киев му треба одржување на старите системи

Столтенберг: Освен ново оружје, на Киев му треба одржување на старите системи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најави дека земјите што ја поддржуваат Украина мора да се фокусираат не само на испраќање ново оружје во Киев туку и на испорака на муниција за постарите системи и помагање во нивното одржување.

dobivaj vesti na viber

„Исто така, мора да бидеме свесни дека покрај новите системи, мораме да се фокусираме и на обезбедување дека сите платформи што веќе постојат да може да функционираат правилно“, изјави Столтенберг за „Ројтерс“ на маргините на состанокот на министрите за одбрана, посветен на вооружувањето на Украина.

Водачите на НАТО и претставниците од 50-ина земји се состанаа денеска во воздухопловната база Рамштајн на последниот од серијата состаноци за договорени пакети со вооружена помош за Киев, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат