Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Алијансата продолжува да ја поддржува БиХ

НАТО ќе ѝ доставува системи за противвоздушна одбрана на Украина

НАТО ќе продолжи да ги поддржува Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференцијата по средбата на министрите за надворешни работи на алијансата во Брисел, тој рече дека иднината на Украина е во евро-атлантското семејство.

Според него, идното членство на Украина во алијансата треба да се заснова на тоа дека Украина е независна и демократска држава, која сега е загрозена од војна.

Столтенберг посочи дека членките на алијансата се согласиле Шведска да стане членка што е можно побргу откога Финска и официјално беше примена во НАТО.

Можете да прочитате

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област

Стампедо во храм во Индија, седум лица загинаа