Утрински Весник
Свет

Столтенберг: Ако сакаме крај на војната, воената поддршка за Украина е вистинскиот начин

Столтенберг: Ако сакаме крај на војната, воената поддршка за Украина е вистинскиот начин

На Украина итно ѝ е потребна воздушна одбрана, вклучително и муниција, резервни делови и одржување на системите што веќе ги има украинската војска, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека војната, сега веќе во својата втора година, е војна на исцрпување, но не и ќор-сокак, со оглед на она што Украина го доби за време на контраофанзивата што ја почна во јуни во обид да ја врати територијата што ја посочи, окупирана од Русија, пренесуваат агенциите.

„Ако сакаме крај на војната, ако сакаме праведен и траен мир, тогаш воената поддршка за Украина е вистинскиот начин“, изјави Столтенберг во интервју за „Ројтерс“ во Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации.

Според него, на Украина ѝ требаат многу видови поддршка.

„Има итна потреба од противвоздушни системи не само за нови системи туку и за муниција, одржување, резервни делови. Гледаме дека противвоздушната одбрана секојдневно спасува животи во Украина, а ние треба да ја одржуваме противвоздушната одбрана на Украина“, нагласи Столтенберг.

Тој одби да каже колку муниција сојузниците на НАТО би можеле да ѝ испорачаат на Украина секоја година или кога точно „Ф16“ ќе бидат испорачани на Киев.

„Сојузниците работат напорно за да ги обучат (пилотите на ‘Ф16’) што е можно побргу“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека важноста од испраќањето на авионите „Ф16 “лежи и во тоа што испраќа порака за долгорочна и постојана поддршка.

„Подготвени сме за долги патеки. Не затоа што можеме точно да предвидиме колку долго ќе трае оваа војна, туку затоа што треба да му испратиме порака на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека нема да го чекаме крајот без да правиме ништо“, нагласи лидерот на НАТО.

Столтенберг рече дека би сакал да види побрз напредок во украинската контраофанзива, но додаде дека она што го освоиле на југ и на исток е сепак огромно.

Според него, војната би можела да продолжи во текот на есента и зимата.

„Она што треба да продолжиме е да ги поддржуваме Украинците и потоа тие да носат одлуки на терен“, рече тој и додаде дека војната станува војна на логистика.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот