Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Без срам Пендаровски се појави на Охридскиот пливачки маратон од чие покровителство се откажа

Стоилковски: Без срам Пендаровски се појави на Охридскиот пливачки маратон од чие покровителство се откажа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање кое се однесуваше на објавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој присуствуваше на 35 Охридски пливачки маратон одговори дека срамно е Пендаровски да се појавува на маратонот затоа што тој се криеше и се откажа од покровителство на маратонот.

dobivaj vesti na viber

Стоилковски исто така потсети дека денеска 35 Охридски пливачки маратон се одржува благодарение на општината и градоначалникот, Кирил Пецаков.

„Ова е дно, ова е срамно. Стево Пендаровски се криеше и се откажа од покровителство на маратонот, Стево Пендаровски соопшти дека маратонот нема да се одржи. 35 Охридски пливачки маратон се одржува денеска благодарение само и само на градоначалникот Кирил Пецаков и на општина Охрид. Еден маратон Стево Пендаровски не е во состојба и не е способен да организира или да поддржи, а не пак да води држава. Срамно е и недостоинствено Стево Пендаровски денеска да се претставува како покровител на 35 Охридски пливачки маратон“, истакна портпаролот Стоилковски.

Можете да прочитате

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем