Утрински Весник
Македонија

Стојановски: Ако Филипче е сигурен, тоа што го зборува да го провериме на избори

Bojan Stojanovski.jpg

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски го коментираше моментот околу најавите за евентуални предвремени парламентарни избори, откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче информира дека неговата партија е подготвена за секакви избори во наредниот период.

-Односите во владеачката коалиција се многу квалитетни и тоа може да се види и по политиките кои се продуцираат во реалноста. Ако е навистина така и ако господинот Филипче е сигурен во тоа што го зборува, има пратеничката група, 18 пратеници и нека поднесат барање за распуштање на Парламентот, па тоа што го тврди да го провериме на избори, рече Стојановски на прес-конференција во Собранието, по брифингот на пратеничката група на СДСМ.

Претходно Филипче порача дека ВМРО-ДПМНЕ „кокетира“ со ДУИ со најавите за предвремени избори, бидејќи, според него, се преполовува поддршката за актуелните владини партнери ВЛЕН и ЗНАМ и нивната, како што вели, маргинализирана улога во Владата.

Претседателот и пратеник на СДСМ исто така информира дека согласно партиска анкета, 65% од граѓаните не биле задоволни од работата на актуелната Влада.

Можете да прочитате

Кузмановска: Ракот не погодува само еден – туку целото семејство

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!