Утрински Весник
Македонија

Стефковски и Трајановски: Важна е соработката на централната и локалната власт

456308413 530120046066582 8656104862818534149 N.jpg
Dik 300x250 mk

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски направија посета на регионалниот пат Р-1102 кој транзитира низ населени места во општината.

За време на посетата градоначалникот Стефковски и директорот Трајановски направија увид на акцијата за расчистување на вегетацијата покрај патот, кастрење на дрвата и косење на високата трева.

“Оваа акција е значителна за сите учесници во сообраќајот, бидејќи со истата возачите ќе имаат непречена видливост кон вертикалната и хоризонталната сигнализација која го регулира сообраќајот на регионалниот пат. Со задоволство можам да констатирам значителен напредок помеѓу соработката на единиците на локалната самоуправа и институциите на централната власт, нешто што во минатото не беше случај. Доказ за тоа е денешната акција која се реализира на барање на општина Гази Баба по кое Јавното претпријатие за државни патишта веднаш постапи за што му благодарам на директорот Трајановски” – истакна Стефковски.

Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски нагласи дека исклучиво важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа.

“Безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Како институција изминатиот период реализираме акции за расчистување на вегетацијата на поголем дел од патиштата низ државата кои се под наша надлежност. Оддржувањето на патиштата е подеднакво важно колку и инвестирањето во изградба на нови патишта. Важна е соработката на институциите од централната власт со единиците на локалната самоуправа со цел создавање на услови за граѓаните безбедно и непречно ги реализираат своите секојдневни обврски. Институциите се тука за да им служат на граѓаните” – истакна Трајановски.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Истата ја спроведува ЈП Македонија пат по налог на Јавното претпријатие за државни патишта, а денес на истата се приклучија и екипи на ЈКП Гази Баба.

Можете да прочитате

Мицкоски: Иднината на државата е во рамките на ЕУ

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка